NBA со Димитар Младеновски-Застрашувачки “јастребски” напад (ВИДЕО)

914

Во најголемото изненадување од синоќешните натпревари, го издвојуваме дуелот во “Стејт фарм” арената помеѓу Атланта и гостите од Феникс. “Сонцата” на мечот влегоа како првопласиран тим во NBA и се соочија со противник кој е незгоден за било кој состав годинава.Фуриозната последна четвртина која “јастребите” ја добија со 38-15, беше пресудна за конечниот исход. Атланта го победи големиот фаворит со конечни (и високи) 135-103 испраќајки порака дека во престојниот плеј-оф треба да се свати исклучително сериозно. Во меч на кој дури седум домашни играчи имаа повеќе од 13 поени, предводник беше центарот Клинт Капела со дабл-дабл учинок од 18 поени и 10 скокови. Идентични 16 поени постигнаа Треј Јанг, Данило Галинари и српскиот репрезентативец, Бојан Богданович.Кај гостите, Девин Букер повторно го предводеше тимот со 30 поени, следен од Микел Бриџис со 18. Со поразот, Феникс падна на втората позиција на Западот (и воопшто во NBA) каде се врати Јута Џез. Атланта Хокс, со трите победи по ред, е на петтата позиција на Истокот.

NBA FAN

Димитар Младеновски