Благоја Грујовски: Лесно е да работи во нива тој што го работел тоа, но јас не знам

1253

Кога се појави оваа пандемија мислев дека е грип но јас осетив на своја кожа, едвај дишев, но сепак е жално и непријатно за луѓе активни професионалци, да немаат ангажман, да седат дома без работа..

Повеќето од нас се снаоѓаат, почнуваат нешто друго да работат иако ние не сме специјализирани за тоа другото. Дури и да се специјализираш, тешко тоа оди. Јас сум на пример квалификуван новинар, но сега не можам и не сакам да се враќам назад.

Имаше некои малиц -иозни препораки до нас, демек можеме да чистиме скали, можеме да работиме во нива, невкусни и бе зоб-разни коментари.

Не е лесно, и на никого не би му посакал да остане во таква ситуација, да работи едно, и да мора на 40-50 години присилно да се преориентира. Како прво, никој не те прима на работа.

Лесно е да кажеш од страна- работете во нива. Тој што работел во нива го правел тоа цел живот, и не може секој тоа да го прави, иако изгледа можеби лесно.

На сите ни фали дружење. На луѓето им фали дружење, музика, на нас ни фали ангажман“, рече Благоја…