Најинтересното од синоќешните натпревари.
Далас ја пречека Оклахома, а Лука Дончич повторно одигра на врвно ниво. Словенецот имаше “дабл-дабл” учинок составен од 38 поени и 11 скокови (плус 8 асистенции) и беше најзаслужниот за триумфот од 121:114.
Најефикасен на натпреварот беше Шеј Гилгес-Александер со 42 постигнати поени.
Демиен Лилард имаше нова рафална стрелба.
Лидерот на Портланд постигна 38 поени и беше најзаслужен за високата победа од 133:112, против Минесота Тимбервилвс.
Џереми Грент продолжи со одличната игра сезонава, и придонесе со 24 поени.
На спротивната страна, Дианџело Расел беше најрасположен за игра со 23 поени и 8 асистенции.
Со новата победа, тимот од Орегон има биланс 15-12 и се наоѓа на шестата позиција во Западот.
Бруклин влегува во победничка серија.
“Нетси” стигнаа до четвртиот триумф по ред откако извојуваа убедлива победа во главниот град, против Вашингтон Визардс (конечни 112:100).
Кевин Дурент беше водечки со 30 поени, а Кајри Ирвинг постигна 24 поени.
Со новата победа “мрежичките” се најдоа на четвртото место во Источната конференција.
Бостон го претрпе вториот пораз едно по друго, откако загуби на гостувањето во Лос Анџелес против “Клиперси” со 113:93.
Домаќините водеа од почетокот до крајот а водечки беа Пол Џорџ и Каваи Ленард со 26 односно 25 постигнати поени.
Со новата победа “Клиперс” имаат скор 16-13.
И покрај новиот пораз, “Селтикси” се сеуште на врвот од Источната конференција, со скор 21-7.
NBA FAN
Димитар Младеновски