Синоќа се одржа долгоочекуваниот натпревар во забивање на All-Star викендот во Кливленд. Најатрактивниот дел од саботната вечер воопшто не ги оправда очекувањата.

Натпреварот доби многу критики од стручњаците како и од навивачите поради преголемиот број на промашувања од страна на учесниците. Иновативноста затаи, а во конкуренција на четири натпреварувачи најуспешен беше центарот на Њу Јорк Никс, Оби Топин. Пред импресивното жири составено од Доминик Вилкинс, Ајзеа Томас, Клајд Дрекслер, Дејвид Робинсон и Џулиус Ирвинг, Топин го освои трофејот поради најмалиот број на грешки кој ги направи во споредба со останатите натпреварувачи.
Младиот центар на Њу Јорк Никс и лани настапи на ова натпреварување и го завзема второто место.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)




















