Обвинителството нареди МРП-вакцините со погрошен рок да не се уништуваат

360

Основното јавно обвинителство нареди вакцините со погрешни декларации да не се уништуваат и да се чуваат во просториите на „Македонијалек“.

„Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на „Македонијалек“ бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување. Проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба“, велат од Обвинителството.

Претходно, директорот на  Агенцијата за лекови, Ќахил Ибраими, извести дека побарал од „Македонијалек“ вакцините да бидат уништени во согласност со Законот за лековите иако не прецизира на кој точно дел од законот се повикува.

Министерството за здравство и понатаму тврди дека вакцините што се појавија со изминат рок на траење биле исправни. Настојуваат дека погрешните декларации биле само печатна грешка, а квалитетот на вакцините не е спорен.