Се ближи почетокот на NBA сезоната.
Остануваат само уште неколку денови од припремниот период и пријателските натпревари. Синоќа Мемфис гостуваше во Детроит а Џа Морент уште еднаш ги потсети навивачите какво уживање е да се гледа натпревар кога е тој во главна улога.
“Гризлис” го добија мечот со 126:111 а нивниот млад лидер постигна 31 поен за само 25 минути поминати во игра. Она што воодушевувеше е начинот на кој 23-годишната ѕвезда ги реализираше поените. Многу бројните влезови во рекетот, силни забивања, молневити контри, Морент си поигруваше со одбраната на “пистонси”.
Oфицијалниот старт на сезоната е закажан за 18 Октомври.
NBA FAN
Димитар Младеновски



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















