Секој нов меч сме сведоци на нова атракција на Џа Морент. И во последниот натпревар на младите “гризлис” тоа не беше исклучок.
Синоќа на гостувањето во Бостон, младиот плејмејкер повторно ја воодушеви публиката. Иако Мемфис загуби (120-107) Морент имаше сјајна партија. Постигна 38 поени а најубавите дојдоа преку “цепелин”. Уживајте во вонсерискиот атлетицизам на младата ѕвезда на Мемфис Гризлис.
NBA FAN
Димитар Младеновски