Продолжува кризата на Лос Анџелес Лејкерс. Актуелниот шампион го претрпе третиот пораз по ред. По поразот од Бруклин и Мајами во нивниот “Стејплс центар” следуваше уште едно непријатно изненадување. Во неизвесен меч во кој беа потребни дополнителни 5 минути игра, гостите од Вашингтон ги поразија домаќините (конечни 127-124).
По повредата на Ентони Дејвис, се по забележителен е падот на играта во составот на “езерџиите”. И покрај стандардно одличната игра на Леброн Џејмс кој беше на чекор до “трипл-дабл” ефект (31 поен, 13 асистенции и 9 скокови) како и неуморната игра на новоангажираното крило Монтрезл Херл кој постигна 26 поени, затаи концентрацијата во клучните моменти.
Бредли Бил и Расел Вестбрук беа на висината на задачата, постигнувајќи 33 и 32 поени, доволно за тешко извојувана победа на тимот од главниот град. И покрај поразот, “лејкерси” го задржаа второто место на табелата на Западот со скор од 22-10. Идентичен број на победи и порази има соседот од “Ел-Еј”, Лос Анџелес Клиперс.
NBA FAN
Димитар Младеновски

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

