NBA колумна на Димитар Млденовски-Шоу на Демиен Лилард (ВИДЕО)

990

Од синоќешната NBA програма, која броеше 7 мечеви, го издвојува дуелот во “Мода центарот” во Орегон помеѓу Портланд и Њу Орлеанс.Демиен Лилард синоќа приреди вистинско шоу. Еден од најдобрите поентери во Светот одигра неверојатен меч и беше клучен во победата на (неговиот) Портланд Треил-Блејзерс над Њу Орлеанс Пеликанс (конечни 125-124). Лилард натпреварот го заврши со 50 поени, од кои дури 20 беа постигнати во последната четвртина. Освен поентерската експлозија, својата импресивна партија ја зачини со 10 асистенции и 6 скокови.Дерик Џонс Јуниор (коечно) се врати по повредата и постигна 10 поени за 18 минути игра. Успешна вечер имаше и замената на Лилард, Гери Трент Јуниор кој реализираше 22 поени. Кај гостите од Луизијана предводеше Брендон Инграм кој заврши со 30 поени, следен во чекор од Зион Вилијамсон кој постигна 28. Со новата победа, тимот на Портланд е израмнет со тимот на Денвер на петата позиција на Западната конференција (со скор 23-16).

NBA FAN

Димитар Младеновски