NBA колумна на Димитар Младеновски-Трилер меч во главниот град (ВИДЕО)

816

Од синоќешната програма во NBA лигата го издвојуваме мечот во главниот град на САД. Вашингтон го пречека фаворитот Бруклин. Во неизвесен натпревар на кој беа постигнати неверојатни 295 поени, домаќините успеаа да го скршат отпорот на “мрежичките” славејќи со конечни 149:146.

Во дуелот помеѓу поранешните соиграчи и MVP носители, Кевин Дурент и Расел Вестбрук, победата ја зграби новиот плејмејкер на “волшебниците”. Вестбрук пружи навистина волшебна партија сочинета од 41 постигнат поен, 10 скокови и 8 асистенции. Во чекор беше следен од сјајниот шутер Бредли Бил кој реализира 37 поени од кој цели 22 во последната (решавачка) четвртина.На спротивната страна прв играч беше Кевин Дурент со 37 поени, следен од Џо Херис кој постигна 30. Победата на Вашингтон е уште по импресивна доколку се има во предвид дека во последните 12 секунди постигнаа 8 поени со што го заокружија мечот.

NBA FAN

Димитар Младеновски