Нови цени на нафтените деривати од полноќ

351

Малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе се намалат во просек за 2,93 отсто, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Според одлуката, цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за еден денар за литар. Па така, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 58,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,50 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари за литар и ќе се продаваат по цена од 49 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 денари за килограм и ќе изнесува 24,549 ден/кг.