Германскиот гигант Баерн Минхен продолжува со праксата да го ангажира најдоброто од Бундес лигата. Доказ за тоа е денешната официјализациј на соработката со Бенџамин Павар.
Французинот ќе биде нов фудбалер на баварците од 1 јули оваа година, а со Баерн Минхен ќе потпише договор на пет години.
Оваа информација ја потврди Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, за време на тренинг кампот на клубот, кој се одржува во Катар.
Овој 22 годишен фудбалер блесна за времето на Мундијалот во Русија каде со селекцијата на „триколорите“ стигна до титулата светски шампион.