Најголема плата во историјата на фудбалот! Сити подготви „безобразна“ понуда за Меси

219

Доколку некој ви ја спомнал оваа бројка, тогаш сигурно би помислиле дека е лага. Сепак оваа информација ја пренесува еден од најупатените магазини во Каталонија…

Имено, како што јавува каталонски „Спорт 1“, Манчестер Сити подготвил дури 600 милиони евра за Лионел Меси.

Значи, Аргентинецот на Етихад би требало да се задржи три сезони,а потоа да тргне на пат кон Њујорк каде што би играл во МЛС лигата.

Со тоа Сити би му ја остварила и желбата на Меси, да се обиде да игра во САД, за што Аргентинецот со години зборува во медиумите.

Со тоа Меси би станал убедливо најплатениот фудбалер на планетата затоа што досега тој го држеше рекордот со 50 милиони евра, колку што заработи минатата година на Камп Ноу.

Останува само да се види како Меси ќе успее да се извлече од договорот со Барселона, а Примера избрала да остане на страната на фудбалскиот клуб.