Скопска чаршија, ќебапи и Матка: Душата на Скопје живее во старите делови (ГАЛЕРИЈА)

0
79

Мија Дропуљиќ од Хрватска цели 12 години била во новинарските води, била новинарка, уредник, а лани се впуштила во маркетинг, по што и недостигало пишувањето и решила да направи блог на кој ќе ги обедини пишувањето, патувањето и планинарењето.

По 10 години таа одлучила да го посети Скопје. На нејзиниот Инстаграм профил има прекрасни фотки од прошетката низ главниот град на Македонија.

Мија вели дека едно попладне туристите мора да минат во Старата скопска чаршија. „Во овој турски дел од градот секоја уличка е искуство за себе и тука не смеете да не се напиете турско кафе или чај, да јадете бурек, ќебапчиња, тулумби и баклава“, открива таа.

Таа вели дека престанала да брои кога стигнала до 100 споменици во Скопје и вика дека има многу што да се види, но дел од тоа изгледа кич. Исто така, додава дека душата на Скопје всушност живее во старите делови, во кои се вљубила и при посетата пред 10 години, а не во новите градби.

Мија е воодушевена и од љубезноста на жителите, кои сакаат да ви помогнат и да ве упатат.

Најубаво се чувствувала при посетата на Матка, каде ја воодушевиле пеперутките. Во кањонот има 77 ендемски видови на пеперутки. Мија ја посетила и пештерата Врело и се возела со кајче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here