NBA колумна на Димитар Младеновски-Домашна доминација

667

Шампионот, Лос Анџелес Лејкерс ја прекина серијата од четири порази стигнувајќи до (конечна) победа на домашнен терен против Портланд Треил Блејзерс (102-93). Леброн Џејмс имаше одлична партија сочинета од 28 поени, 11 скокови и 7 асистенции. Значаен придонес во триумфот додаде и германскиот плејмејкер Денис Шрудер, кој реализираше 22 поени, во првиот меч по паузата од 5 натпревари кој ги пропушти поради повреда.Мајами Хит забележа значаен триумф на патот кон врвот на Истокот. “Жешките” победија на домашен терен во дуелот против Јута, земајќи го скалпот на тимот со најдобар скор во лигата (конечни 124-116). За “џезерите“ ова беше втор пораз во последните десет меча, вкупно деветти сезонава, со што тимот од Солт Лејк Сити останува со најдобар скор во досегашниот дел од првенството (26-7).  Синоќешниот дуел беше максимално израмнет од почеток до самиот финиш. Гостите ги промашија последните седум шутеви, а искусниот состав на Мајами знаеше да го искористи тоа за да стигне до победата.Џими Батлер со 33 поени и 10 скокови беше главна фигура на тимот од Флорида, а одличен настап имаше и словенечкиот репрезентативец, Горан Драгич, кој го заврши дуелот со 26 поени.

Голден Стејт го совлада Шарлот Хорнетс во својот “Оракл” со конечнен резултат 130-121. Прв стрелец одново, беше Стеф Кари со 29 поени, додека Дрејмонд Грин оствари трипл-дабл учинок со 11 поени, 12 скокови и дури 19 асистенции. Со оваа победа “воините” во моментов се наоѓаат на седмото место во западната конференција со скор од 19 победи и 15 порази.“Црната серија“ на порази ја прекина и тимот на Бостон, славејќи на домашен терен против Индијана Пејсерс (118-112). Нивниот предводник Џејсон Тејтум повторно немаше свој ден постигнувајќи скромни девет поени за 38 минути игра. Затоа расположени за надигрување беа Кемба Вокер со 32 и центарот Дениел Тајс со 17 поени, кои беа најзаслужни за оваа победа на “келтите”.

NBA FAN

Димитар Младеновски