NBA колумна на Димитар Младеновски-Враќањето на отпишаните (ВИДЕО)

1134

Крис Пол. Еден од најдобрите плејмејкери во последните две декади. Лани т.н. експерти му предвидуваа крај на кариерата поради се почестите повреди. Тврдеа дека и годините го направиле своето. Тврдеа дека е спор и дека по промената на средината ке биде прашање на време кога ке ја напушти Оклахома. Годинава претставува вистински лидер на едно од најпријатните изненадувања во NBA.Двајт Хауард. Еден од најдобрите центри кој долго време доминираше во лигата. Промени 5 тима во последните 5 години. Беше сметан за проблем во секој тим за кој настапувал. Годинава има еден вид “преродба” во дресот на својот поранешен тим, Лос Анџелес Лејкерс. Успеа да ги добие симпатиите на навивачите по својот прв (неуспешен) настап во пурпурно/златната униформа (во 2012 година).Кармело Ентони. Беше без ангажман цели 18 месеци. Доби нова шанса во Портланд и веднаш докажа дека за него не само што има место во добар тим, туку и дека може да биде еден од најсилните офанзивни адути. “Мело” сеуште е проблем за секоја противничка одбрана. Ако некој заслужуваше шанса да покаже уште колку е способен да придонесе тоа секако беше едно од најдобрите ниски крила во кошарката.Маркел Фулц. Беше избран за прв пик од Филаделфија во 2017 год. Две сезони се мачеше со повреди. По огромните притисоци од јавноста, конечно беше разменет во Орландо. За многу кратко време покажа дека никогаш не смее (толку лесно) да се “избрише” прв избор на NBA драфт. Посебно згрешија аналитичарите кој го напаѓаа имајќи во предвид дека има само 22 години, и може да биде само подобар.

Што ги поврзува овие 4 имиња? Сите беа прерано отпишани. Уживајте во нивните најсветли моменти сезонава…

NBA FAN 

Димитар Младеновски