Од синоќешната богата NBA програма, го издвојуваме дуелот меѓу првопласираниот тим на Истокот, тимот на Филаделфија 76-ерс на гости против младиот тим на Кливленд Кавалирс. Во тврд и неизвесен меч, крајниот епилог беше повеќе од изненадувачки.
Иако првото име на тимот од Филаделфија, центарот Џоел Ембид, повторно имаше маестрална вечер (сочинета од 42 постигнати поени и 13 скокови) “сиксерси” беа принудени да го положат оружјето на теренот во Охајо. Бековскиот тандем на “кавси” сочинет од Колин Секстон и Дериус Гарленд беше пресуден за домашната победа. Секстон постигна 28, а неговиот колега Гарленд реализира 25 поени и 9 асистенции остварувајќи го најголемото изненадување овој викенд.
И покрај поразот, Филаделфија ја задржа првата позиција во Источната конференција со скор 22-12. По синоќешниот триумф, Кливленд е претпоследен на табелата со скор 13-21.
NBA FAN
Димитар Младеновски

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















