NBA колумна на Димитар Младеновски-Возбудлива кошаркарска ноќ

148

Победничката низа на Бруклин се искачи на седум победи едно по друго откако изминатата вечер го разнесоа Орландо со 129-92. Кајри Ирвинг беше првото име кај домаќините со 27 поени, 9 асистенции и 5 скока, додека кај гоститe од Флорида единствена светла точка беше црногорецот Никола Вучевич, кој забележа “дабл-дабл” учинок од 28 поени и 12 скока.Филдаелфија на домашен терен го победи Далас и ја задржата првата позиција во Источната конференција. Далас го забележа 16 пораз оваа сезона и продолжува со променливата игра. “All Star” центарот, Џоел Ембид повторно беше на врвот на својата задача, овој пат со 23 поени, 9 скока и 4 асистенции. На спротивната страна Лука Дончич реализираше 19 поени и 4 асистенции.Уште еден тим кој се мачи сезонава е тимот на Денвер Нагетс. Составот од Колорадо загуби во неизвесен меч од Вашингтон (конечни 110-112). Сјајниот поентер Бредли Бил ги предводеше “волшебниците” со 33 поени, додека Расел Вестбрук оствари нов “трипл дабл” учинок (16 поени + 10 скокови и асистенции). За поразената страна, Џемајл Мари го предводеше тимот со 34 поени, додека српскиот репрезентативец Никола Јокич натпреварот го заврши со 24 поени, 11 скока и 7 асистенции.

NBA FAN

Димитар Младеновски