Кога станува збор за одржување на здрави навики, важно е како го поминуваме утрото бидејќи тоа го одредува ритамот за остатокот од денот. Тренерите специјализирани за слабеење се согласуваат дека постои една посебна навика со која многу луѓе кои никогаш не се дебелеат често го започнуваат денот и ја препорачуваат на сите кои се обидуваат да избегнат нездраво зголемување на телесната тежина.
„Јадењето хранлив појадок со висок удел на протеини може да ја намали желбата за храна и да ви помогне да останете заситени подолго време“, вели тренерката Наталија Васке за „Parade“.
Со тоа, појадокот богат со протеини е најдоброто нешто што можеме да си го дозволиме на почетокот на денот.
„Вашиот прв оброк го одредува нивото на шеќерот во крвта и енергијата, што е поврзано со волјата и донесувањето одлуки“, истакнува тренерот Џејсон Сани.
Сани препорачува појадок кој содржи комбинација од протеини, влакна и здрави масти. На овој начин дефинитивно ќе останеме сити подолго време, што ќе ја намали веројатноста од прејадување подоцна во текот на денот. Како некои од примерите навел овесна каша со јаткасти плодови и овошје, грчки јогурт со бобинки и семиња или јајца со тост од цело зрно и авокадо.