НИКОГАШ НЕМА ДА ИМ НАРЕДАМ НА АМЕРИКАНЦИТЕ ДА НОСАТ МАСКА, ВЕЛИ ТРАМП

164

Доналд Трамп вети дека никогаш нема да им нареди на Американците да носат маска за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Неговите коментари уследија откако водечкиот експерт за заразни болести Ентони Фаучи побара од државните и локалните лидери што е можно посилно да ги поттикнуваат луѓето да носат маска. Втор ден по ред, во САД има повеќе од 70.000 новозаразени со коронавирус – 71.600, што е помалку од вчерашниот рекорд.

„Тоа е многу важно, сите би требало да носат маска секаде“, кажа Фаучи.

Повеќето гувернери имаат наредено да се носи маска во затворено, место тоа да биде личен избор. Меѓу нив има и републикански лидери. Трамп дури минатиот викенд првпат се појави со маска во јавност, кога посети воена болница.

„Не се согласувам дека носењето маска треба да биде задолжително на национално ниво. Луѓето треба да имаат одредена слобода“, изјави Трамп.

И Центарот за контрола на болести и превенција (ЦДЦ) смета дека сите треба да носат маска.

„Не сме неодбранливи од ковид-19. Заштитата на лицето е едно од најмоќните оружја“, кажа директорот на ЦДЦ, Роберт Редфилд.