NBA колумна на Димитар Младеновски-Блејк Грифин е (конечно) слободен

815

Конечно добри вести за Блејк Грифин. По неактивноста од 15 дена, тој се договори со челниците на Детроит Пистонс. Крилото ке си замине од клубот и веќе од денес ќе биде слободен агент. Негова најверојатна следна дестинација ќе му биде тимот на Бруклин Нетс, иако и тимот на Мајами Хит е сериозен конкурент за негов ангажман.Грифин се согласи да на предвремен раскин на договорот. Тоа тимот од Мичиген ке го чини (цели) 13.3 милиони долари. Оваа сума, “клиповите” ке му ги исплатат на Грифин во наредните 3 години. Некогаш најатрактивниот играч во лигата веќе подолг период потенцира дека сака да игра за тим што ќе се бори за титулата. Од таков калибар е ѕвездениот состав на Бруклин Нетс, што ги прави фаворити за неговиот потпис.Крилото од 206 цм. е ветеран со 12 годишно професионално искуство. Има 31 година и беше прв пик на драфтот во 2009. Се до 2018 година играше за тимот што го доведе во најсилното кошаркарско натпреварување, Лос Анџелес Клиперс. Во 2018 година се пресели во Детроит преку обилна трампа на играчи. Како признанија зад неговото име се наградата за “дебитант на годината“ како и победник во забивање (во 2011) година. Зад себе има и шест настапи на All-Star натпреварите.Со евентуален негов ангажман, “нетси” би довеле сосема силно парче во ростерот, покрај Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден. Грифин би му бил резерва на Дурант на позицијата моќно крило, но е поливалентен играч со можност дури да помогне и центарксата позиција, поради изразените атлетски капацитети и интелегенцијата во играта.

NBA FAN

Димитар Млаеновски