Гатузо го напушти Милан: Ова не беше нималку лесна одлука за мене

352

Фудбалерите на Милан не успеаја да изборат пласман во Лигата на шампионите и следната сезона ќе настапуваат во Лигата на Европа.

„Росонерите“ до последното коло имаа шанса да дојдат до место кое води во Лигата на шампионите. На гости го совладаа СПАЛ со 3:2, но во прилог не им одеше фактот дека победи славеа Интер и Аталанта кои на крајот завршија на местата кои водат во ЛШ.

Главна цел на Милан пред почетокот на сезоната беше конечно да се вратат во ЛШ, но тимот предводен од Гатузо не успеа во тоа.

Гатузо оваа сезона беше под неверојатен притисок и очигледно е дека повеќе не може да го поднесе тоа. Италијанскиот стручњак утринава изјави дека го напушта МИлан и верува дека тоа е вистинската одлука која морал да ја донесе.

„Одлуката да ја напуштам клупата на Милан не е лесна, но тоа е одлука која морав да ја донесам. Нема одреден момент поради што го одлучив тоа, но кога ќе ги сумирам овие 18 месеци тогаш време е нешто да се промени“, изјави Гатузо.