Без посериозни проблеми Хрватска вечерва ја оствари својата втора победа во нашата група, против селекцијата на Јапонија со 35:27.
Коцкестите бескомпромисно тргнаа на овој меч, на сигурна победа против големиот аутсајдер.
По првите 30 минути момците на Лино Червар имаа +5 (18:13), а до крајот на средбата тоа го надополнија до +8 за конечни 35:27.
Ова им беше еден рутински тренинг на Хрватска, пред утрешната исклучително важна пресметка со Македонија, од која и тие очекуваат многу.
Хорват вечерва беше најефикасниот кај „коцкестите“ со 8 погодоци.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)



















