NBA-Играчите и тренерот на Мајами се судрија меѓу себе (ВИДЕО)

588

На синоќешниот натпревар помеѓу Мајами Хит и Голден Стејт Вориорс се случи бизарна ситуација која го стави во втор план конечниот резултат.

На клупата на домаќините се судрија Џими Батлер со тренерот Ерик Сполстра и ветеранот Јудонис Хаслем. Лошата игра на “жешките” и нетрпеливоста достигна климакс кога најпрво Сполстра ја критикуваше ангажираноста на своите играчи при што Батлер (кој е познат како кошаркар кој ретко прима било каква критика) изреагира некоректно. На овој потег на Батлер остро одговори највозрасниот играч во лигата, Јудонис Хаслем кој се нафрли на својот соиграч.

Навремената реакција на клупата односно соиграчите спречија поголем инцидент. “Воините” иако настапија без Стеф Кари, Клеј Томсон, Дрејмонд Грин, Андре Игудала и Ото Портер успеаа да го победат првопласираниот тим на истокот со конечни 118:104. Според првичните информации Батлер упатил провокација кон тренерот Сполстра и соиграчот Хаслем изјавувајќи дека се “единствено релевантни поради присуството на тимската икона Двејн Вејд и неговите успеси”.

Ова не е прв пат Џими Батлер да влезе во отворена “војна” со некој од својот тим. Пред 4 години како играч на Минесота, Батлер на тренинг се судри со тогашните соиграчи Карл Ентони Таунс и Ендрју Вигинс. Шест месеци по тоа, Батлер беше испратен во Филаделфија каде се задржа до крајот на тековното првенство пред да премине како слободен играч во тимот од Флорида.

Тренерот Сполстра по завршувањето на натпреварот најпрво се пошегува дека Батлер и Хаслем се расправале околу ресторанот во кој би вечерале по мечот. Потоа даде сериозен осврт на несаканата ситуација.

“Во жарот на борбата се случуваат и вакви моменти. Убеден сум дека ова не е ништо сериозно и дека само ќе не зближи уште повеќе пред плеј-оф завршницата. Мораме нашите фрустрации да ги искористиме како мотив за нови победи” – изјави Сполстра.

И покрај вториот пораз по ред, Мајами се наоѓа на врвот од источната конференција со скор 47-26.

NBA FAN

Димитар Младеновски