Доколку сакате да бидете успешни на сите полиња, мора да ги одбегнувате овие работи…
Дефиницијата за успех е различна за секого, без разлика дали станува збор за личен или професионален успех.
Психологот Трејвис Брадбери тврди дека почнал да се качува по скалата на успехот кога престанал да ги прави следниве работи. Успешните луѓе никогаш:
Не тонат во проблеми
Успешните луѓе не се заморуваат со проблеми и работи на кои не можат да влијаат и да ги променат. Луѓето кои премногу се занимаваат со негативните работи во животот, постојано се борат со стрес, што лошо влијае врз психата. На тој начин, самите се попречуваат во извршувањето на секојдневните активности.
Не тежнеат кон совршенство
Свесни се дека совршенството е илузија и дека не постои човек што не греши. Фактот дека се’ може да биде уште малку подобро, е смирувачки и ни помага да не ги преценуваме работите. Тие го даваат својот максимум, но не го поставуваат совршенството како конечна цел. Имено, ако таа цел не се оствари, а нема, доаѓа до разочарување и чувство на немоќ.
Не се занимаваат со негативности
Ако некој постојано се занимава со негативни случувања од минатото, тоа исто така доведува до постојан стрес, што го уништува здравјето. Поради тоа, тврди психологот, многу е важно да се пресметате со негативните работи единствено ако се’ уште во сегашноста влијаат врз вас екстремно лошо, навредливо или неправедно.