ПЛАТИ БРЗО е новата web услуга за електронско плаќање на сметките за вода. Преку оваа услуга ЈП Водовод и канализација – Скопје на своите корисниците им овозможува онлајн плаќање на фактурите без да биде потребно да се регистрираат во системот – Мој Водовод.
На елетронскиот сервис ПЛАТИ БРЗО со внесување на фолио бројот од фактурата корисниците на услугата можат да извршат плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија а тоа претставува одлична можност особено за оние корисници кои патуваат често или живеат во странство, а ги користат нашите услуги. Со оваа нова услуга нашите корисници ќе заштедат време и пари.
Дополнително на електронскиот систем ги овозможуваме сите шалтерски услуги како:
- започнување процедура за ажурирање на Вашите лични податоци;
- преглед на Вашиот долг;
- плаќање на сметки или рати, (со било која Visa, Maesto или Mastercard картичка издадена од домашна или странска банка);
- ажурирање на состојбата на потрошувачка на Вашиот водомер;
- пријавување дефект;
- електронска достава на Вашата месечна фактура или целосно исклучување на печатената достава на сметки;
Направете го Вашето прво плаќање преку новата web услуга на следниот линк: https://e.vodovod-skopje.com.mk/InstantPayment.aspx
Со почит,
ЈП Водовод и канализација-Скопје