NBA-Дерозан испишува нова историја (ВИДЕО)

783

Од синоќешната програма која броеше 14 мечеви го издвојуваме дуелот помеѓу Чикаго Булс и Атланта Хокс.

“Јастребите” допатуваа во “Јунајтед центар” во обид да ја прекинат победничката серија на “биковите”. Плановите им ги расипа годинава фантастичниот Демар Дерозан.

За неверојатната форма во која игра бекот поентер говори податокот дека (пред Oл-Стар паузата) веќе го сруши рекордот на легендарниот Вилт Чембрлен со 7 натпревари на кој постигнува над 35 поени со над 50% реализација. Серијата е продолжена на 8-ми последователен натпревар во кој Дерозан постигна 37 поени со фантастичен процент на шут од над 70%, погодувајќи 15 од 21 обид во синоќешниот дуел. По ваквото поентерско издание, логично следуваше победа за домаќините од 112-108. Зек Лавин постигна 20 поени потврдувајќи го новиот триумф за “ветровитиот град”.

Дерозан стана само петиот играч во историјата на NBA кој на 8 натпревари по ред постигнува над 35 поени, а единствениот со процент на реализација од над 50% во обидите од поле. Со шестата победа по ред, Чикаго (со скор 39-21) се наоѓа на првото место во источната конференција, пред Мајами Хит кој има натпревар помалку.

NBA FAN

Димитар Младеновски