Јокиќ се спречка со Шек: Мајсторе, јас не сум Русин, јас сум од – Србија (ВИДЕО)

77

Одличната игра и уште еден трипл-дабл учинок во низа во триумфот на Денвер нагетс против Голден стејт вориорс (114-104) беше причината поради која српскиот интернационалец Никола Јокиќ беше во центарот на вниманието по овој натпревар.

Тој веднаш беше приклучен директно во програма на една од најгледаните американски спортски емисии, „Инсајд НБА“, давајќи интервју на легендарниот Шекил О’Нил, кој е еден од водителите. И веднаш на почетокот дојде до вербален дуел помеѓу еден од најдобрите центри во моментов во НБА и еден од најдобрите на сите времиња, а причина за тоа беше грешката за тоа од каде е Јокиќ.

Сѐ почна откако Шек во етер му кажа на кошаркарот на Денвер „спасиба, спасиба“ за одличната игра и новиот трипл-дабл, по што беше укорен и од останатите во студиото и од самиот кошаркар дека тоа е на руски јазик. О’Нил веднаш ја прифати грешката, но повтори дека навистина сметал дека Јокиќ е од Русија.

„Не, јас не сум Русин, јас сум од Србија. Ти добро го знаеш тоа“, дофрли Јокиќ од паркетот во „Бол арена“ во Денвер.

На крајот Шекил си ја прифатил грешка и се извини.