NBA-Далас ја израмни серијата против Феникс (ВИДЕО)

677

Далас Маверикс израмни во серијата со Феникс Санс на 2:2.

“Мавси” славеa на домашен терен со 111:101. Повторно беа предводени од Лука Дончич кој имаше 26 поени и 11 асистенции и од Дориан Фини-Смит кој одигра одличен натпревар постигнувајќи 24 поени. На спротивната страна, Девин Букер беше прв стрелец на натпреварот со 35 поени кој се покажаа недоволни за гостински триумф.

Серијата се сели во Аризона каде натпреварот број 5 се игра за 2 дена.

NBA FAN

Димитар Младеновски