Во синоќешните NBA натпревари повторно доминација на балканските играчи.
Далас убедливо го победи Портланд (132-112) а Лука Дончич оствари трипл-дабл сочинет од 15 поени, 15 асистенции и 10 скокови.
Денвер во тесен меч го совлада Бруклин (124-118) а Никола Јокич повторно имаше одлична партија. Актуелниот MVP беше близу до трипл-дабл учинок, постигна 26 поени, 10 скокови и 8 асистенции.
Атланта го доби Сакраменто (121-104) а лидер беше српскиот репрезентативец Богдан Богданович. “Боги” реализира 18 поени и 7 асистенции.
NBA FAN
Димитар Младеновски