Фудбал-Од војна до пријателство (ВИДЕО)

1076

Секогаш е забавно кога ќе бидеме сведоци на остри дуели во најубавата споредна работа на Светот. Во 2015 година, се случи судир помеѓу Ромелу Лукаку и Мамаду Сако, на мечот помеѓу нивните тогашни тимови (Ливерпул и Евертон).

Темпераментните играчи имаа (најбаго кажано) остро недоразбирање на зелениот терен. Судирот помеѓу робусниот Белгиец и бестрашниот Французин, во тоа време, предизвика големо внимание.

Но, со текот на времето, не само што овој дуел беше заборавен од страна на двајцата фудбалери, туку меѓу нив се разви обострана почит и големо пријателство. Откако двајцата сфатија колку работи ги поврзуваат, лесно беше да си подадат рака.

Денес, војната е минато. Двајцата редовно се во комуникација и се меѓусебна поддршка и мотивација. Уживајте во оваа интересна приказна…

Димитар Младеновски