Ајзеа Томас е повторно на NBA терените, на задоволство на многубројните фанови ширум Светот. Тоа, за жал не резултира со успех за својот (старо) нов тим.Лос Анџелес Лејкерс забележаа разочарувачки пораз на гостувањето во Минеаполис. Силното второ полувреме на младите “волци” донесоа висока победа од 110-92. Уште еден проблем повеќе за гостите беше повредата на Ентони Дејвис, кој предвреме го напушти теренот поради повреда на коленото.
Водечки кај Минесота беше Карл Ентони-Таунс со 28 поени, следен од Дианџело Расел и Малик Бизли кој постигнаа по 17. На спротивната страна водечки беше повратникот Ајзеа Томас со 19 поени (за 22 минути поминати на теренот), следен од Леброн Џејмс кој постигна 18.
NBA FAN
Димитар Младеновски