Бокс корнер-Тајсон Фјури доминираше пред преполниот “Вембли”

559

Во една од највозбудливите борби годинава, актуелниот линеарен шампион Тајсон Фјури го задржа својот трон.

“The Gypsy king” успеа да го порази својот сонародник Дилиан Уајт и да ја задржи титулата во ВБЦ тешка категорија. Пред 94.000 гледачи на стадионот “Вембли”, перфектниот аперкат на крајот од шестата рунда беше кобен за Уајт кој иако се обиде да се врати на нозе, веќе беше прекасно. Ова преставуваше 32 триумф за Фјури во 33 меч. Има само една нерешена борба против Дионтеј Вајлдер и ниеден пораз во професионалната кариера.

Во т.н. “Британска битка” Фјури повторно докажа дека е број 1 и неприкосновен шампион. Според него ова е последната борба и е решен да стави крај на кариерата на само 33 годишна возраст. Дали ова повлекување ќе биде краткотрајно останува времето да покаже. Познавајќи го карактерот на британецот се е можно во иднина.

По борбата стигнаа информации од островот дека Фјури за оваа борба инкасирал (неверојатни) 24.5 милиони фунти. На спротивната страна, поразениот Уајт заработи 5.5 милиони фунти.

Димитар Младеновски