Ситуацијата околу играчкиот статус на Кајри Ирвинг (сезонава) станува се по бизарен од ден на ден.
Откако плејмејкерот одби да биде вакциниран, нема дозвола за настап во досегашниот дел од првенството. Најновите информации кој пристигаат “преку барата” се дека на Ирвинг, ќе му биде дозволен настап во остатокот од шампионатот.

Интересно е што тој ќе има дозвола за настап (засега) само на гостинските натпревари на Бруклин Нетс. “Нетси” изразија подготвеност да го активираат во составот но, се додека Ирвинг не се вакцинира нема да има право да настапува во државата Њу Јорк.
Нејасно е до кога управата на Бруклин ќе го толерира односот на својот All-Star играч? Засега е сигурно дека Ирвинг ќе тренира индивидуално, а за “мрежичките” ќе настапува на гостувањата. Во првите 29 натпревари на Бруклин во кој не настапи, не заработи ниту долар. Во меѓувреме, без него, Бруклин е на првата позиција во Истокот со резултат 21-8.
NBA FAN
Димитар Младеновски








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










