Кевин Дурент уште еднаш покажа дека е еден од најелитните стрелци на сите времиња. Синоќа, во дуелот со Филаделфија на дело го покажа сиот свој арсенал.
Откако гостите успеаа да се вратат од негатива од 20 поени и да го израмнат резултатот (103-103) Дурент влезе во серија од 9 поени во последните три минути од мечот. “Нетси” победија со 114-105 и го потврдија првото место на табелата во Истокот.
Дурент мечот го заврши со 34 поени, 11 скокови и 8 асистенции. На спротивната страна Џоел Ембид постигна 32 поени, недоволни за конечен пресврт на гостувањето во Бруклин.
NBA FAN
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)




















