Според последните информации кој доаѓаат од Италија, тимот на Силвио Берлускони е решен да го соедини некогашното трио на Милан.
По се погласните наводи дека Марио Балотели ќе се врати во тимот на Монца за кој и претходно настапуваше, сега уште двајца негови поранешни соиграчи се споменуваат како можни нови имиња во дресот на новиот прволигаш.
Станува збор за Стефан Ел Шарави и М’Баје Нианг. “Фараонот” ланската сезона настапуваше за Рома а Нианг за француски Бордо.
Ќе биде исклучително забавно доколку ова интересно трио повторно го видиме во исти дрес на теренот следното првенство.
Димитар Младеновски

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)



















