Едно од најголемите имиња во историјата на Европската кошарка.
Еден од првите кошаркари од поранешна Југославија кој како суперѕвезда, допатува во САД. Мултиталентиран, со успех во повеќе спортови уште од најрана возраст. “Куки” подеднакво беше успешен во фудбал, тенис, пинг-понг. Во неговата најголема љубов, кошарката, Кукоч освои едноставно се што можеше да се освои на Европско тло. Три кратен Европски шампион, и трикратен MVP на Евролигата. Носител на златни медали од Светски првенства. По фантастичните сезони во Југопластика (Поп 84) и Бенетон од Тревизо, Кукоч се сели во Чикаго пред сезоната 1993-1994.
Во NBA, Тони Кукоч доведе возбудливост и неспорен квалитет уште во првите моменти кога се појави во легендарната 7-ка на Чикаго Булс. Како и во Европа, така и преку барата, освојува 3 шампионски титули по ред (1996, 1997, 1998 година). Беше многу важен во незапирливиот тим на “биковите” кој беа во поход од величини како Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Денис Родман. Предводен од најтрофејниот тренер на сите времиња, Фил Џексон, сплитскиот “пинк пантер” доживува играчки зенит и на дело го покажува сиот свој потенцијал. Омилен кај соиграчите и кај публиката. Во 1996 година ја добива наградата за најдобар 6-ти играч (најдобра резерва) во NBA.
По сјајните шампионски денови, тимот од Чикаго претрпи големи промени а токму Тони Кукоч беше лидер на тој обновен и млад тим. “Тhe Waiter” како што многумина го нарекуваа поради прецизните и навремени додавања до своите играчи, заминува од “градот на ветровите” во 2000 година. Играше во Филаделфија, потоа во Атланта и на крајот во Милвоки.
До самиот крај на својата играчка кариера, имаше повеќе од солидна минутажа и се вбројуваше помеѓу најпочитуваните спортисти и професионалци кој се појавиле. Токму поради своето непроценливо искуство, во моментов работи како консултант и супервизор во тимот каде ги достигна шампионските височини, Чикаго Булс.
Кога од Спринфилд (Масачусец) дојде информација дека хрватската легенда по третпат по ред, е номинирана за уште една најпрестижна награда стана повеќе од јасно дека одговорот (конечно) ќе биде позитивен. Кукоч беше повторно номиниран за место во “халата на славните” (Basketball Hall of fame), место кое апсолутно го заслужи, покрај најголемите кој ги дал овој магичен спорт.
На 14 Февруари 2020 година, се дозна дека е меѓу финалистите, околу паузата за All-Star викендот. Стана петиот Хрват на кого тоа му пошло од рака по величини како: Крешимир Чосиќ, Мирко Новосел, Дино Раџа и Дражен Петровиќ. Многумина аналитичари и спортки новинари, како и поранешни кошаркари тврдат дека доколку Тони Кукоч би играл во ова време, би имал најмалку двојно повеќе успех од тоа што го достигна во својата маестрална кариера.
Сплитскиот “пинк пантер”, еден од најкомплетните играчи кој некогаш сме имале можност да ги гледаме.
NBA FAN
Димитар Младеновски