Романтичните состаноци и излегувањето се неизоставен дел од секоја врска, а веројатно секој од нас имал и лоши и добри состаноци.
Еден корисник на Редит ги прашал другите корисници зошто прекинале некоја врска или одбиле да ѝ дадат втора шанса на личноста со која биле на романтичен состанок. Луѓето ги отвориле своите души и биле потполно искрени, а одговорите се различни – има причини кои се темелат на здрав разум, но некои едноставно ќе ве насмеат.
Еве дел од нив:
„Не знаеше дека лисиците се вистински животни. Мислеше дека тоа се некои митски суштества што се појавуваат во филмовите“.

„Волонтираше во зоолошка градина и кога децата ја прашуваа прашања на кои не го знаеше одговорот, таа нешто измислуваше и лажеше. Бидејќи пораснав со сликовници за животни и Стив Ирвин, фактите за животните ги сфаќам прилично сериозно“.
„Никогаш не ги враќаше теговите на место. Никогаш во животот нема да сфатам зошто луѓето не ги враќаат теговите на место“.
„Никогаш не вклучуваше трепкачи. Никогаш!“.
„Мојата мајка престана да се гледа со еден тип бидејќи во текот на целиот филм во кино ги откопчувал и закопчувал патиките на лепенки“.
„Отидов на неколку состаноци со тип кој ми се допаѓаше со месеци. Започнав да сфаќам дека не е баш најпаметен, но еден ден рече дека сака да гледа реклами на телевизија. Тоа беше тоа“.
„Никако не можеше да следи приказна на ниту еден филм. „Кој е ова? Од каде се појави? Зошто таа го прави тоа?“, и така постојано. Едноставно никако не можев да продолжам понатаму“.
„Одби да излезе со мене бидејќи ѝ беше чудно што немам Инстаграм профил“.
„Не можев да продолжам да се гледам со едно момче откако брат ми кажа дека тој изгледа исто како нашиот вујко. Не можев да се помирам со тоа бидејќи навистина изгледаше исто“.
„Кога сфатив дека тој мисли дека лимоните се всушност несозреани портокали…“.