Сите сме слушнале за неверојатните хареми на мажите од арапскиот свет, каде еден шеик располага со вниманието од 10 и повеќе убавици, кои го задоволуваат на секаков начин, а тој пак, за возврат, се грижи за нивната благосостојба.
Но, следната уникатна приказна докажува дека и во православниот свет е возможно да се оформи харем, а доказот ни доаѓа од Русија.
Главниот херој на приказната е Иван Сухов, кој доаѓа од помал руски град, а кој брачниот живот го започнал со законската сопруга Наталија. Останатите 2 жени исто така се сметаат за негови сопруги, а третата која допрва треба да се досели, Иван открива дека сама се согласила на таков живот.
Иван беше 11 години во брак со Наталија, а потоа одлучи да продолжи со полигамен начин на живот. Иако Наталија на почетокот се противеше на ова, подоцна Иван успеа да ја убеди, токму поради неговата желба да има големо семејство. Неговиот сон е да има дури 50 деца.
Откако приказната беше објавена во локалните медиуми, Медина веднаш се вљуби во Иван и покрај противењето на нејзиното семејство, жената веднаш се пресели да живее со рускиот „шеик“.
Денес Иван живее со вкупно 4 жени во стан и се труди секоја вечер да поминува со една од неговите партнерки. Доколку некоја од нив го налути или погреши нешто, Иван не оди во нејзината соба цел месец. Тој и понатаму не се откажува од неговиот сон да има 50 деца, а критериумот кој треба да го исполнат кандидатките е многу едноставен. Само треба да бидат високи и слаби!