Едисон Кавани на крајот од сезоната ќе го напушти “Олд Трафорд”.
На уругваецот му истекува актуелниот договор со “црвените ѓаволи” а повеќе од сигурно е дека нема да му биде понудено продолжување на истиот. Според пишувањата на “Газета дело спорт” се очекува враќање на “Матадорот” во Сериа А.
Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо е решен да направи силен тим посебно доколку “лилаковите” изборат пласман во Лига Европа. Во моментов се наоѓаат на седмата позиција на табелата и се во борба со Аталанта околу евентуалниот пласман во квалификациите на второто најсилно европско натпреварување.
Комисо е решен да го доведе токму искусниот Кавани а за истото е спремен да понуди 4 милиони евра по сезона. За очекување е 35 годишниот напаѓач веднаш да ја прифати оваа примамлива понуда.
Кавани во Италија настапуваше за Палермо и за Наполи од каде во 2013 година премина во Парис Сен-Жермен.
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















