Твитер-профилот на Трамп е трајно блокиран, а Холивуд слави поради неговата суспензија на социјалните мрежи

404
dpatopbilder - 12.04.2018, USA, District of Columbia, Washington: Donald Trump, Präsident der USA, nimmt an einem Treffen mit Gouverneuren und Gesetzgebern im Kabinettsraum des Weißen Hauses teil. (zu dpa: «Trump: Entscheidung über Militäreinsatz in Syrien "ziemlich bald"» vom 12.04.2018) Foto: Evan Vucci/AP/dpa +++ dpa-Bildfunk +++

Твитер-профилот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп беше трајно блокиран, што беше негов популарен начин за комуникација со јавноста. Многу познати личности во САД го поздравија овој чин.

Причината за блокирање на твитер-профилот на Трамп е ризикот од понатамошно поттикнување на насилство. Покрај Твитер, и Фејсбук и Инстаграм ги суспендираа профилите на Трамп по немирите во Вашингтон, кога неговите приврзаници го нападнаа американскиот Капитол.

EPA
Поддржувачи на Трамп упаднаа во Конгресот/ Вашингтон, САД 6 јануари 2021/Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Американските јавни личности ја пофалија Твитер платформата за брзо донесената одлука за забрана на претседателот во заминување да ја користи социјалната мрежа.

Меѓу нив беше и манекенката и ТВ-водителка Криси Тајген, која во една прилика беше блокирана од Трамп, а овој пат ја поздрави одлуката, но и „гласно се изнасмеа“ преку нејзиниот твитер профил.

„Ова е најважниот момент во историјата на социјалните мрежи. Најголемите платформи на светот го блокираа човекот кој ги прошири најголемите лаги, заговори и омраза во светот. Секој вработен на Фејсбук и Твитер, секој корисник на овие социјални мрежи и сите оние кои се залагаа за ова и кои се бореа за ова – ви се заблагодарувам“, напиша Саша Барон Коен.

Актерот од Марвел, Марк Руфало, исто така, се заблагодари на Твитер за блокирањето на профилот на Трамп.

И Стивен Кинг го пофали потегот и рече дека тоа го прави горд што е корисник на Твитер.

Бет Мидлер, американска пејачка, ги коментираше настаните.

„Црковните камбани ѕвонат низ земјата, за секој да знае! Готово е! Трамп е запрен да поттикнува насилство преку Твитер“, стои во нејзината објава.