Нови вести од Милано.
Медиумите во Италија пренесуваат за новиот потег на Паоло Малдини. Имено техничкиот директор на “росонерите” веќе од поодамна е во контакт со челниците на француски Лил а во прашање е ангажманот на португалскиот репрезентативец Ренато Санчез.
Поранешниот играч на Баерн Минхен беше поврзуван со Милано уште во 2017 година а се чини дека дојде право време за негова преселба на “чизмата”. Според информациите Санчез би потпишал договор во важност до 2026 година и би заработувал безмалку 5 милиони евра по сезона. Во дресот на популарниот “бик” Лил има одиграно 66 мечеви на кој има постигнато 6 погодоци.
24 годишниот играч од средниот ред се очекува да го направи долгоочекуваниот трансфер на почетокот од преодниот рок.
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















