Филаделфија на свој терен успеа да намали на 2:1 против Мајами Хит.
Изненадувачки брзото враќање на теренот на нивниот најдобар играч, Џоел Ембид ги мотивираше “сиксерси” да извојуваат висока победа од 99:79. Ембид паузираше 2 натпревари поради фрактура на орбиталната коска на дуелот против Торонто Репторс во првата рунда на годинашниов плејоф. Најдобри стрелци во Филаделфија беа Тајрис Мекси и Дени Грин со 21 поен а Ембид реализира дабл-дабл ефект од 18 поени и 11 скокови.
Далас исто така успеа да намали на 2:1 во дуелот со првопласираниот Феникс Санс. Домаќините предводени од Џејлен Брансон и Лука Дончич успеаа да се вратат во серијата. Брансон постигна 28 а Дончич 26 поени и беа клучни за радоста на навивавчите во “Американ Ерлајнс” арена. Новиот судир помеѓу овие тимови се очекува за два дена од сега.
NBA FAN
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















