Ракометниот клуб Вардар и официјално го претстави својот нов тренер за следната натпреварувачка сезона.
Се работи за повратникот на клупата на црвено-црните, тоа е Веселин Вујовиќ. Шекулациите кои кружеа изминатиов период денес само добија официјална потврда од страна на сопственикот Михајло Михајловски, кој на прес-конференцијата која се одржа пред кратко и јавно го соопшти Вујовиќ како нов тренер на Вардар.
Вујовиќ во два наврати го предводеше Вардар, а откако како сопственик н а клубот дојде Сергеј Самсоненко, на негово место дојде Гонзалез, потоа Парондо, Писонеро, а Вујовиќ ќе го замени Алушовски кој со Вардар сезонава ја освои двојната домашна круна.
Нашиот медиум кој активно ги следи сите настани на Вардар, му посакува многу среќа и успеси на Вујовиќ со тимот.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















