Италијанскиот шампион исклучително ефикасен на стартот од првенството (ВИДЕО)

656

Милан успешно ја започна одбраната на титулата.

Актуелниот Италијански шампион, ја започна сезоната триумфално во ефикасен меч на својот “Сан Сиро” против Удинезе кој заврши со 4:2.

Со премиерната победа во Серија А, “росонерите” ја потврдија гаранцијата од страна на своите играчи дека повторно ќе се борат за највисок пласман. Првото полувреме заврши со 2:2 но, веќе во вториот дел шампионот ја превзема контолата и ја одржа до крајот.

Најзаслужен за триумфот на домаќините беше Хрватскиот репрезентативеч Анте Ребич кој постигна два погодоци а успешно стрелаа Браим Диаз и Тео Ернандез (од белата точка). Иако во подготвителниот период беше најдобар стрелец за Удинезе, нашиот репрезентативец Илија Несторовски не доби шанса за игра на овој натпревар.

Следното коло, Милан гостува во Бергамо на секогаш незгодната Аталанта.

Димитар Младеновски