NBA-Лејкерси (конечно) започнаа со промени

478

Се случи и првата трампа во оваа сезона.

По долг период на шпекулации и преговори, Лос Анџелес Лејкерс доведе нов играч.
Станува збор за Јапонскиот репрезентативец, Руи Хачимура кој пристигнува од редовите на Вашингтон Визардс.

Станува збор за 25 годишен кошаркар кој настапува на крилната позиција. Годинава ја игра својата четврта NBA сезона и на 30 натпревари (влегувајќи од клупата за резерви) постигнуваше по 13 поени за тимот од главниот град. Поседува солиден шут и (сеуште) е сметан за играч со голем потенцијал, посебно во нападот.

За да го ангажираат “темниот нинџа”, “Лејкерси” во спротивен правец го испратија бекот Кендрик Нан како и три идни пика од втората рунда на драфтот.
Досегашниот тек на првенството е повеќе од разачарувачко за славниот тим од “Ел-Еј” кој досега имаат 22 победи и 25 порази.
По овој потег на управата за очекување се уште новини во тимот односно доведување на нови играчи во тимот од Калифорнија.

NBA FAN
Димитар Младеновски