Божиќ, најрадосниот христијански празник, сам по себе е важна порака за сите оние кои го слават.
Меѓутоа, еден Божиќ донел и важна порака која човештвото ја испратило во својата историја, порака која многу години подоцна Ѓорѓе Балашевиќ ја опиша во песна – дека најважен е човечкиот живот.
Во историските книги не е забележано примирјето во Првата светска војна на Божиќ (по грегоријански календар), 1914 година, но примирјето траело само еден ден.
🤝 #OnThisDay in 1914, 100,00 British and German soldiers crossed trenches, forgot about the war and played football during a Christmas Truce
The Beautiful Game pic.twitter.com/VTFr8WVPh6
— The Sportsman (@TheSportsman) December 25, 2017
За прекин на огнот била заслужна една топка, односно фудбалот – игра која во 1914 година ги освоила срцата на Британците, но ненаметливо се вовлекувала и под кожата на Германците и останатите европски народи.
Најзначајниот натпревар во фудбалската историја го одиграле Британците и Германците недалеку од Ипр, град во западна Белгија.
Едни наспроти други, вкопани во ровови, преку нишанот гледале војниците од Ворвикшир, родното место на Вилијам Шекспир, и војниците од Лајпциг. На Божиќното утро не пукале. Германците, иако заледени од студот и влагата, со себе го носеле празничниот дух и пееле божиќни песни. Со оглед на тоа што непријателските ровови не биле оддалечени повеќе од стотина метри, Британците слушнале што пејат тие, па и самите запеале. Тоа било само вовед…
“Еј, од каде сте?”, се слушнало прашањето од германската страна кое било упатено кон непријателите.
Не се чекало долго за одговор: “Дојдете, па видете”.
Ваквата шега го означила почетокот на примирјето. Кратко потоа, двете завојувани страни се нашле на “ничија земја”.
“Излеговме од рововите и видовме германски војник како шутира топка. Не се ни снајдовме, а веќе почнавме да играме фудбал”, открил Јоханес Ниман во својот воен дневник, заповедник на 133-та британско-саксонска бригада.
На двете страни имало по еден професионален фудбалер – Британците ги предводел Џејмс Којл, играч на шкотскиот Албион, а Германците – Алберт Шмит, член на третолигашкиот тим Шедевиц.
За историјата останува непознато кој го добил мечот, но во истата таа историја резултатот не е ни важен. Победил фудбалот, мирот, човечноста, хуманоста…
📆 | #OnThisDay in 1️⃣9️⃣1️⃣4️⃣, #British and #German troops stationed on the front line took part in a game of “football” on no-mans land as part of the #ChristmasDay truce! 🎄 pic.twitter.com/JrVHkoTvOl
— Football On This Day (@footieonthisday) December 25, 2017
Кога завршил мечот, војниците се вратиле во рововите. На полноќ, британскиот капетан Стоквел запукал во воздух, а потоа се слушнало пукање и од другата страна. Со тоа бил означен крајот на примирјето.
Овој натпревар имал силен одек, а веста за него надалеку се слушнала – информацијата стигнала и до командите на британската војска по што капетанот Роберт Хамилтон бил разрешен од својата должност.
Сеќавањето на тој единствен настан во човековата историја се чува во бројни документи и играни филмови.