Сигурно сте забележале дека вашите миленици повеќе се “мотаат” околу некои членови на вашето семејство или некои гости.
Конечно е решена мистеријата за тоа кого мачките повеќе сакаат – мажите или жените.
Истражувањето на Отсекот за бихевиорална биологија при Истражувачкиот центер “Конрад Лоренц” на виенскиот универзитет покажало дека мачките секогаш повеќе се “мотаат” околу жените бидејќи повеќе уживаат во нивно друштво.
“Мачките се ненаситни во потребата за внимание и галење, а бидејќи жените минуваат повеќе време со нив од мажите, повеќе им се посветуваат, тие тоа го чувствуваат и им ја возвраќаат љубовта”, објасниле истражувачите.
Освен тоа, припадниците на понежниот пол имаат понежен глас, а мачките како и децата повеќе реагираат на нежни тонови.
Во заклучокот на истражувањето е наведено и дека жените генерално имаат поубави раце и допири од мажите, па кога ги галат мачките тоа го прават понежно и повеќе уживаат во тоа.
Научниците заклучиле дека најважна потреба на мачките е да бидат сити, а дека дамите се посклони кон тоа да ги нахранат.