Димовски: Големите лаги на малите провидни политичари

106
Фејсбук статус на Илија Димовски:
СДСМ ја задолжува Македонија со 2,4 пати побрзо темпо, а не гради ништо…
ВМРО-ДПМНЕ ја задолжуваше Македонија со просечно 254 милиони €/годишно..
СДСМ во овие 3 години и 9 месеци просечно не задолжува просечно со 640 милиони €/годишно…
ВМРО-ДПМНЕ кога ја напушти власта јавниот долг на Република Македонија бил 4,7 милијарди евра, а кога ја превзема беше 1,9 милијарди евра.
Значи ВМРО-ДПМНЕ за полни 11 години владеење го зголемила јавниот долг за 2,8 милијарди €…
СДСМ кога ја превзема власта јавниот долг бил 4,7 милијарди евра, а сега (крај на прв квартал 2021) е 7,1 милијарди евра.
Значи СДСМ за 3 години и 9 месеци го зголемиле долгот за 2,4 милијарди евра.
Да не заборавиме на огромните инфраструктурни проекти во време на ВМРО-ДПМНЕ, автопати, регионални, магистрални патишта, спортски сали, брани, ветерници, болници, училишта, факултети, канализации, водоводи, индустриски зони, но и набавка на возови, противпожарни авиони, противпожарни и возила за брза помош, стотици автобуси за ЈСП,…
Да не заборавиме и дека сега, во време на СДСМ, скоро и да нема ништо од инвестиции во инфраструктура и капитални набавки…
Сега има Ковид криза, тогаш имаше две светски економски кризи (хипотекарната и должничката)…
П.С. Сано денес се очекува Собрание да донесе три закони за нови задолжувања од вкупно 183 милиони евра…
П.П.С. МНОГУ ВАЖНО:
Според постојни цени, а референтна 2005 година:
Во 2006 БДП на Република Македонија изнесувал 324 милијарди денари.
Во 2017 БДП на Република Македонија изнесувал 440 милијарди денари.
Во 2020 БДП на Република Македонија изнесувал 445 милијарди денари.
Заклучок:
 Со задолжувањето во време на ВМРО-ДПМНЕ од просечно 254 милиони евра/годишно, постигнат е реален раст на БДП за 116 милијарди денари (или 10,5 милјарди денари годишно)..
Со задолжувањето во време на СДСМ од просечно 640 милиони евра/годишно, постигнат е реален раст на БДП за 5 милијарди денари (или 1,25 милијарди денари годишно)…
Скоро 10 пати е поголем и подобар ефектот од задолжувањето во време на ВМРО-ДПМНЕ од задолжувањето во време на СДСМ…