(Вознемирувачка содржина) Прва фотографија од напаѓачот во масакрот во Русија! Најавил дека ќе уbива

213

Најмалку 10 ученици и наставници се убиени во пукање во училиште во Казањ, во Русија, по што бил уапсен еден од двајцата напаѓачи, 19-годишен тинејџер.

Локалните медиуми пренесуваат дека другиот напаѓач, кој уште некое време бил забарикадиран во училиштето, бил убиен.

Рускиот портал „Iz.ru“, објавил фотографија од уапсениот тинејџер, кој, како што тврдат, некогаш учел во тоа училиште. Медиумите наведуваат дека осомничениот немал поврзаност со наставниците и учениците.

„Ren TV“ наведува дека името на тинејџерот е Илназ Галиавиев, кој за време на апсењето рекол дека подметнал бомба во станот во кој била неговата мајка.

Галиавиев ги објавил своите планови пред извршување на масакрот. На својот профил на Телеграм напишал дека ќе организира масовно убиство.

„Како Бог сакам сите да се препознаат како мои робови“, напишал Галиавиев.

Од следбениците барал и тие да убијат најмалку 10 лица, а потоа да извршат самоубиство.

„На светот не би требало да има живи суштества, ова е грешка на универзумот“, продолжил терористот.

Исто така, предупредил дека презема исполнување на својата ‘мисија’.

„Денеска ќе убијам огромна количина биомаса. Дојдов на овој свет во лик на човек за да се ослободам од сите вас“, напишал тој.

На социјалните мрежи се појави и снимка од апсењето на осомничениот тинејџер на која се гледа како полицијата го држи за земја со лисици на рацете.